Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba

Отворен повик за доделување на стипендии за четврти по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 распишува Повик за доделување на стипeндии за четвртиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност.

Кампот е предвиден да се одржи од 7-13 јули 2024 година во Охрид (хотел 3*).

Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и тимска работа ќе ги охрабриме и поттикнеме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат прототип на производ/идеја. Предизвиците кои ќе бидат поставени пред учесниците се во корелација и решаваат проблеми поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа година (2023 – 2024), темата на FIRST® LEGO® Лигата, Натпреварот за едукативна роботика е креативниот спој на уметноста и технологијата во процесот на создавање ремек дело (MASTERPIECE предизвик), преку изнаоѓање уникатни решенија за реалниот живот.

Убавината на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе со македонско потекло од целиот свет и млади од нашава земја, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети. Особено сме среќни што изминативе години успавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар и др., но искрено се надеваме ќе успееме да привлечеме и учесници од другите земји од светот.

Кој може да аплицира:

  • деца да се на возраст од 11-15 години, млади луѓе со македонско потекло од целиот свет и млади од нашава земја
  • млади заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика

Македонија2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус.

Нашата еднонеделна авантура е за сите деца кои се од Македонија и децата од дијаспората со македонско потекло.

Ќе комуницираме на англиски и македонски јазик со цел да се поттикне комуникацијата и социјализацијата помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, ќе ја усовршиме примената и на двата јазици, соодветно познавање на англиски јазик, основно познавање на програмирање, кодирање и роботика.

Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships/

Апликациите се поднесуваат на Платформата Е-scholarship: https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/15

Рокот за доставување на апликации е 31 март 2024 година.

Македонија2025