Заменик министерот за надворешни работи Фатмире Исаки на 11 октомври 2023 г. оствари средба со советниците и председателката на Советот на македонскотонационално малцинство на Град Загреб гѓа Иринка Агелова-Попржан.Средбата се реализира за време на престојот во рамките на службената посета воЗагреб, а по повод Денот на советот кој се одбележува на 11 октомври. Упатувајќи честитки по повод државниот празник 11 октомври и денот на Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб гостите изразија задоволство од позитивната динамика и квалитет на активностите на Советот во негувањето на идентитетот,јазикот, културата, традицијата и верата на Македонците во Загреб. Средбата ја потврди соработката и грижата на матичната држава за иселениците, на која присуствуваа и представниците на македонската Амбасада во Загреб.
Zamjenica ministra vanjskih poslova Fatmire Isaki ostvarila je susret s vijećnicima ipredsjednicom Vijeća makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba g-đa Irinka Angelova-Popržan. Susret je realiziran za vrijeme boravka u službenom posjetu Zagrebu, a povodom Dana Vijeća koji se obilježava 11. listopada. Uz čestitke povodom državnog praznika 11. listopada i Dana Vijeća, današnji susret potvrdio je da su skrb i briga o svojim iseljenicima temeljne zadaće makedonskim institucijama. Na susretu u Vijeću makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba, zamjenici ministra Isaki su se pridružili i predstavnici makedonskog Veleposlanstva u Zagrebu.