U subotu, 7. listopada 2023. godine Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba svečanim koncertom je obilježilo Dan Vijeća. Nastupio je Ženski omladinski zbor „Menada“ iz Tetova, pod dirigentskom palicom prof.dr.sc Ivice Zorića.Organizatori koncerta su Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba i Kulturno informativni centar R.S. Makedonije u Zagrebu, u suradnji s Ministarstvom kulture R.S.Makedonije i Makedonske pravoslavne crkve u Hrvatskoj.
Во сабота, на 7 октомври 2023 година Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб, свечено го одбележа Денот на Советот. Се одржа свечен концерт на кој настапи Женскиот младински хор „Менада„ од Тетово кои оправдано го носат епитетот „Светски македонски музички амбасадори„. Предводени од маестро проф. Д-р Ивица Зориќ, хорот настапи со македонски антологиски композиции и песни со духовна тематика.
Публиката беше воодушевена од нивните моќни вокали и величествена интерпретација, а меѓу присутните беа гости од македонската Амбасада во Загреб, Советот на националните малцинства во Хрватска, Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, представници од Координацијата на советите и представниците на националните малцинства во Град Загреб и градската Служба за национални малцинства, Католичката црква и Македонската православна црква во Хрватска, МКД Охридски бисер, бројни истакнати Македонци и членовите на Советот.По концертот, Советот организираше коктел. Концертот го реализирше Советот на македонското национално малцинство во Град Загреб во соработка со Културно информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, македонското Министерство за култура и Македонската православна црква во Хрватска, покрај Денот на Советот и во чест на предстоечкиот македонски државен празник 11 Октомври и денот на заштитничката на МПЦО во Загреб Св. Злата Мегленска.