По повод Денот на независноста на Р.С. Македонија, Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб на 8 септември 2023 г. организираше свечено одбележување на државниот празник. На свеченоста присуствуваа бројни македонските граѓани иселени во Загреб, Mакедонци на привремена работа, или приврем престој во Загреб, на кои ни се придружија почесните гости: Амбасадорот на Р.С. Македонија во Р. Хрватска Н. Е. Милаим Фетаи, Парохискиот свештеник на МПЦ ОА во Р. Хрватска протојереј ставрофор Кирко Велински и отец Дејан Белчовски, наставничката по македонски јазик гѓa Деспина Белчовска Велинска, советнички и советници од сегашниот и поранешните мандати на Советот. Прославата по повод свеченото одбележување на Денот на независноста 8-ми септември се одржа во културно друштвената сала „Тоше Проески„ при македонската православна црковна општина Св. Злата Мегленска во Загреб. Свеченоста беше збогатена со представувањe на книгата „Повторно во татковата прегратка„ од авторот Иван Димоски, а како и секогаш досега на активностите на Советот и овој пат програмата беше збогатена со настап на ученици кои го изучуваат македонскиот јазик: Јана Димоски од ОУ „Аугуст Харамбашиќ„ рецитираше песничка за 8 ми септември, а Петра Белчовски со рецитал не врати во далечната 1991 година. Програмата заврши со пригоден коктел и дружење.
Svečano obilježen Dan neovisnosti 8. rujna
U povodu Dana neovisnosti R. S. Makedonije Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba 8. rujna 2023. organiziralo je svečano obilježavanje državnog blagdana.
Na svečanosti su bili nazočni brojni Makedonci doseljeni u Zagrebu, makedonski građani na privremenom radu ili privremenom boravku u Zagrebu, kojima su se pridružili počasni gosti: Veleposlanik R.S. Makedonije u R. Hrvatskoj Nj.Е. Milaim Fetai, parohijski svećenik Makedonske pravoslavne crkve ОА u R. Hrvatskoj protojerej stavrofor Kirko Velinski i svećenik Dejan Belčovski, nastavnica makedonskog jezika gđa Despina Belčovska Velinska, te brojni savjetnice i savjetinici sadašnjeg i prijašnjih saziva Vijeća. Svečanost u povodu Dana neovisnosti 8. rujna održana je u kulturno društvenoj dvorani „Toše Proeski“ u sklopu Makedonske pravoslavne crkovne općine sv. Zlata Meglenska u Zagrebu, propraćena predstavljanjem knjige „Ponovo u očevom zagrljaju“ autora Ivana Dimoskog. Kao i dosadašnje aktivnosti Vijeća i ovaj put nastup učenika koji pohađaju nastavu makedonskog jezika obogatili su program. Učenici Jana Dimoski iz OŠ „August Harambašić“ i Petar Belčovski iz OŠ „Nikola Tesla“ nastupili su s prigodnim recitalom. Program je završio s prigodnim koktelom i druženjem.