Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba

Makedonski jezik sa sociolingvističkog aspekta

Македонскиот јазик од социолингвистички аспект

Советот на македонското националнао малцинство за Град Загреб, во соработка
со Д-р Борјана Прошев-Оливер, виша лекторка и професорка на Филозофскиот
Факултет во Загреб, на Катедрата за македонски јазик, и во присуство на
предстојникот на Одсекот за Јужнословенски јазици и литература проф. Д-р
Баковиќ, бројни студенти и Македонци одржа предавање на тема
„Македонскиот јазик од социолингвистички аспект„на 15.Март 2023 г.,во салата „Тоше Проески„.


Д-р Прошев-Оливер во своето предавање ги представи социолингвистичките
аспекти на македонскиот јазик. Хронолошки и фактографски од самиот почеток
на постоењето на македонскиот јазик, преку стекнувањето на статус на
стандарден, национален и службен јазик, па се до проучувањето на употребата
на јазикот како средство за комуникација во социокултурен контекст, односно
како средство за креирање, пласирање и конзумирање на културните придобивки
и културата воопшто на еден народ.
Во текот на мандатот, Советот на македонското национално малцинство во Град
Загреб придаваше токму најголемо внимание на македонскиот јазик, на
културата и верата, како темелни елементи кои се поврзуват со националниот
идентитет. Токму тоа го потврдува нашата тема и предавањето.