Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba

24 Мај ден на големите македонски и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј

24 мај во Македонија и ширум светот, традиционално е исполнет со богати прослави
и настани по повод oдбележувањето на Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј.

Оддаваме почест на светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и литература кои се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. А заради нивните пак заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостоли. Заради тоа и покрај тоа што светите браќа имаат посебни празници на денот на нивното упокојување, го имаат и заедничкиот празник на 24 мај.


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кој повеќето од нас дипломираа со бројни свечености го чествува 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј и го одбележува својот патронен празник, а во Рим и Ватикан традиционално присуствуваа државна делегација и делгација од МПЦ ОА.


Нека е честит Денот на светите браќа Кирил и Методиј