Во среда, на 16 октомври 2024 година Советот на македонското националномалцинство за Град Загреб одржа свеченост по повод Денот на Советот 11 Октомври,во чест и сеќавање на нашата непрежалена легенда Тоше Проекси и по поводпредстоечкиот празник Св. Злата Мегленска, заштитничка на истоимента црква во Загреб.Во соработка со Мак Брас асоцијацијата – Скопје и Ансамблот Скопски Брас квинтете се одржа свечен концерт насловен како „Брас фантазија за Тоше Проески„.На програмата на концертот беа обработки на најпознатите мелодии на Тоше Проески,а публиката беше воодушевена од величественате изведби на Ансамблот, во состав:Стефан Илиев – труба; Вилијам Баракоски – труба, Благоја Василевски – хорна;Никола Ристевски – тромбон и Александар Ниниќ – туба, кои покрај што се членовина Скопски Брас квинтете, истовремео се и редовни членови на Македонскатафилхармонија и Македонската опера и балет, а се и надворешни соработници наГрадскиот лимен оркестар во Скопје, Биг-Бендот на МРТВ, како и на Националниот џез оркестар на Македонија.Свечениот концерт се одржа во салата „Тоше Проески„ во просториите наМакедонската православна црква во Загреб, на кој присуствуваа бројни гости иМакедонци кои со своето присуство и срдечното дружење после концертот потврдија дека месецот октомври не поврзува, собира и потсетува на важните датуми, на верските празници и настани од македонската историја. Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб за својо патрон го има 11 Октомври Денот на македонското востание, од причина што е еден од најважните датуми за самостојноста и самобитноста на македонскиот народ и борбата против антифашизмот во Втората светска војна. Затоа 11 Октомври е и македонски национален празник, кој свечено се празнува во нашата татковина. Тажни но горди секој 16 октомври го одбележуваме прераното трагично заминување на непрежалена нашата музичка легенда Тоше Проески. Затоа оваа година Советот во негова чест и сеќавање организираше свечен концерт. И секако најцврсто не поврзува нашата света заштитничка Св. Злата Мегленска за која веруваме дека има посебна наклоност кон нас. Така, свеченоста и неа и беше посветена, во чест на предстоечкиот 26 октомври, денот кога го одбележуваме денот на Македонската православна црковна општина во Загреб Св. Злата Мегленска, односно истоимениот верски празник.
U srijedu, 16. listopada 2024. godine u organizaciji Vijeća makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba, održana je svečanost povodom Dana Vijeća 11 Listopada, u čast i sjećanje na našu neprežaljenu glazbenu legendu Tošeta Proeskog, te povodom nadolazećeg vjerskogpraznika Sv. Zlata Megelenska, ujedno dan Makedonske pravoslavne crkovne općine u Zagrebu.U suradnji s Mak Brass asocijacijijom – Skopje i Ansamblom Skopski Brass kvintet održan je svečani koncert „Brass fantazija za Tošu Proeskog“. Na programu su bile obrade njegovih najpoznatijih melodija, a publika je bila oduševljena veličanstvenim izvedbama Ansambla u sastavu: Stefan Iliev – truba; Vilijam Barakoski – truba; Blagoja Vasilevski – horna; Nikola Ristevski – trombon i Aleksandar Ninić – tuba, koji osim što su članovi Skopskog Brass kvinteta, u isto vrijeme su redovni članovinacionalnih glazbenih kuća – Makedonske filharmonije i Makedonske opere i baleta, te su vanjski suradnici Gradskog puhačkog orkestra, Big-Benda MRTV-a i Nacionalnog Jazzorkestra Makedonije- Svečani koncert je održan u dvorani „Toše Proeski“ u prostorijama Makedonske pravoslavne crkve u Zagrebu.Brojna publika, toplo i srdačno druženje nakon koncerta samo su još jednom potvrdili kolikoje mjesec listopad značajan za nas Makedonce. Okuplja nas i podsjeća na naše važnedatume, obljetnice, na naše vjerske praznike i važne događaje iz makedonske povijesti.Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba svoj dan obilježava 11. listopada. Toje važan datum za makedonsku povijest i temelj samobitnosti i samostalnosti makedonskognaroda, to je dan Ustanka makedonskog naroda u borbi protiv antifašizma u Drugomsvjetskom ratu. Zato 11. listopada je i makedonski državni praznik koji se svečano obilježava u našoj domovini. Tužni, no ponosni svake godine 16. listopada na primjeren načinobilježavamo prerani odlazak naše neprežaljene glazbene legende, Tošeta Proeskog. Zato smo ove godine u njegovu čast i sjećanje organizirali svečani koncert. I svakako najsnažnije nas povezuje Sv. Zlata Meglenska za koju vjerujemo da nam je posebno naklonjena. Stoga svečanost je bila i njoj posvećena, u čast nadolazećeg 26. listopada dan Makedonske pravoslavne crkovne općine u Zagrebu, odnosno vjerski praznik Sv. Zlata Meglenska.