Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba

Денови на националните малцинства за Град Загреб / Dani nacionalnih manjina Grada Zagreba


Во организација на Координацијата на советите и представниците на националните
малцинства за Град Загреб во недела, на 29 септември 2024 година се одржа
манифестацијата Денови на националните малцинства за Град Загреб.
Во паркот Зрињевац, во самиот центар на Загреб со своите традиционални обичаи, носии, автентични јадења, пијалоци, фолклорно и музичко творештво се представија: македонското, албанскoто, бошњачкoто, словенскoто, црногорскoто, чешкoто, унгарскoто, српскoто, полскoто, бугарскoто, италијанскoто, ромскoто, словачкoто, турскoто, украинскoто, израелскoто и русинскoто малцинства.
Македонската национална заедница ја представија Советот на македонското
национално малцинство за Град Загреб и Македонското културно друштво „Охридски
Бисер„ од Загреб, кои се представија во поворката на народни носии и со изведби на традиционални македонски народни песни и ора.
Бројните Загребчани и представници на националните заедници ги поздрави председателот на Координацијата на советите и представниците на националните малцинства за Град Загреб и представник во Хрватскиот сабор г. Армин Хоџиќ, кој меѓу другите го представува и македонското малцинство, Председателот на Советот на националните малцинства во Хрватска г. Тибор Варга и заменикот на градоначалникот на Град Загреб г. Лука Корлает. Шаренилото од разнобојни народни носии, различните тактови од традиционалните мелодии и различните вкусови и мириси на традиционалните јадења долго се разлеваа низ паркот Зрињевац и забавно и културно го збогатија овој викенд во Загреб, исполнувајќи го со различни обичаи и вредности на културно наследство.

U organizaciji Koordinacija vijeće i predstavnika nacionalnih manjina Grada Zagreba u
nedjelju, 29. rujna 2024. održana je manifestacija Dani nacionalnih manjina Grada Zagreba.
Na Zrinjevcu, u samom središtu Zagreba svoja autentična jela i pića, tradicionalne običaje,
nošnje, folklorno i glazbeno stvaralaštvo predstavile su zajednice nacionalnih manjina:
makedonsku, albansku, bošnjačku, slovensku, crnogorsku, češku, mađarsku, srpsku, poljsku,
bugarsku, talijansku, romsku, slovačku, tursku, ukrajinsku, židovsku i rusinsku.
Makedonsku nacionalnu zajednicu su predstavili Vijeće makedonske nacionalne manjine s tradicionalnim ajvarom i mastikom, te Makedonsko kulturno društvo „Ohridski biser“ iz Zagreba čiji članice su u povorci narodnih nošnji predstavili koloritnu i ručno izrađenu makedonsku nošnju, te nastupom u kulturnom programu izvedbom tradicionalne makedonske glazbe i plesa.
Predsjednik Koordinacija vijeća i predstavnika nacionalnih manjina Grada Zagreba i saborski zastupnik
g. Armin Hodžić, koji ujedno predstavlja i makedonsku manjinu u Hrvatskom
saboru, Predsjednik Savjeta za nacionalne manjine Hrvatske g. Tibor Varga i zamjenik
gradonačelnika Grada Zagreba g. Luka Korlaet pozdravili su brojne Zagrepčane i pripadnike
zajednica nacionalnih manjina.
Bogati kolorit narodnih nošnji, taktovi tradicionalne glazbe, okusi i mirisi autentičnih jela
dugo su se razlijevali parkom Zrinjevac, zabavno i kulturno obogatili ovaj vikend i ispunili ga
vrijednostima kulturne baštine nacionalnih manjina Grada Zagreba.