Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba

Конкурс за доделување на студентските стипендии за странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

Известуваме дека Министерството за образование и наука на Р.С. Македонија доделува 50 студентски стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Северна Македонија, а се со македонско потекло и живеат покрај други земји и во Р. Хрватска. Стипендијата се доделува за додипломски студии од прв циклус колку што се предвидени со статутот на високообразовната установа во Република Северна Македонија (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Универзитет „Мајка Тереза“ Скопје и Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид). На корисниците на стипендија целосно им се надоместуваат трошоците за студирање: уписнина, бесплатно сместување и исхрана во студентски дом, месечна стипендија, примарно здравствено осигурување, трошоци за издавање и продолжување на дозвола за привремен престој на странец заради студирање.

За детални информации, потребна документација и рок за пријавување молиме да го посетите службениот линк: https://mon.gov.mk/content/?id=5895