Светите браќа Кирил и Методиј биле меѓу најучените луѓе во Византија, го создале првото писмо и правилата за пишување и како основоположници на словенската писменост и литература се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.
А заради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Покрај тоа што светите браќа имаат посебни празници на денот на нивното упокојување, го имаат и заедничкиот празник на 24 мај.
24 мај е македонски државен празник, свечано се чествува во земјата и странство, со богати прослави, манифестации и настани со кои се одава признание на заслугата која сесловенските просветители светите Кирил и Методиј ја имаат за културниот развој како на македонскиот така и на сите словенски народи.
Советот на македонското национално малцинство во Загреб, традиционално и достојно го одбележи 24 мај – Денот на големите македонски и сесловенски просветители светите браќа Кирил и Методиј со пригодно предавање на тема „Кирилометодијевското културно нследство во Македонија и неговото значење за современа Европа„.
Предавањето го одржа д-р Маја Јакимовска -Тошиќ, научен советник и редовен професор на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј. https://iml.edu.mk/maja-jakimovska-toshikj/
Во чест на одбележувањето на Денот на на сесловенските просветители и учители светите Кирил и Методиј, во манифестацијата учествуваа и нашите ученици кои предано ја посетуваат наставата по македонски јазик и култура која по моделот Ц се одвива во загребските основни училишта и во 1. Загребска Гимназија.
Предводени од наставничките Деспина Белчовска Велинска и Ивана Брезовец и подготвувани со гѓата Анастазија Цако, во рециталот „Кирил и Методиј незаодни светила„ настапија: Тамара и Исидора Спиркоски, Кира и Лира Арежина и Петар Белчовски, а во рециталот „Азбука„ настапи Јани Иванковиќ.
Настанот се одржа во салaта Тоше Проески, во Културно друштвениот центар при црковната општина св. Злата Мегленска, при МПЦ ОА во РХ.